Утрински Весник
Свет

Рубио: Вашингтон сака да го купи Гренланд

Rubio.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјавил пред пратениците дека САД немаат намера воено да го освојуваат Гренланд, туку разгледуваат можност за негово купување од Данска, и покрај сè поострата реторика од Белата куќа. Изјавата била дадена на затворен брифинг, во време кога администрацијата јавно не ја исклучува употребата на сила. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, потврди дека стекнувањето на Гренланд е приоритет за националната безбедност на САД и важно за одвраќање на противниците во Арктикот, додавајќи дека на маса се повеќе опции, вклучително и воената. Желбата на Доналд Трамп да го припои Гренланд датира уште од неговиот прв мандат, но сега притисокот е засилен.

Според сенаторот Линдзи Греам, агресивните изјави се дел од преговарачка стратегија. Европските сојузници реагираа со загриженост, предупредувајќи дека евентуален напад врз Гренланд, автономна територија на Данска и членка на НАТО, би го нарушил сојузот. Данската премиерка Мете Фредериксен порача дека напад врз членка на НАТО би значел крај на меѓународниот поредок каков што го познаваме. И покрај понудите од Копенхаген за поголемо американско воено присуство и економска соработка, Трамп ги отфрли, додека анкетите покажуваат дека жителите на Гренланд во најголем дел се против приклучување кон САД.

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава

Дали испраќањето европски сили во Украина е прв чекор кон создавање европска армија?

Захарова: Секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел