Утрински Весник
Свет

Рубио: Трамп и Путин ќе се сретнат само ако има напредок за крај на војната во Украина

20250221080208 Big 730x400 68.webp.webp

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека можната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали ќе се постигне напредок во ставањето крај на војната во Украина“.

Рубио истакна дека ја разгледувал можноста за таква средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на нивните разговори во Саудиска Арабија во вторникот.


– Нема да има средба додека не се договориме за што ќе разговараме, му рекол Рубио на Лавров во Ријад.

Тој објасни дека обично не се организираат вакви средби без претходно постигната основа за договор или барем јасни индиции дека може да се оствари напредок.

– Значи, мислам дека времето на оваа средба во голема мера ќе зависи од тоа дали ќе успееме да напредуваме во запирање на војната во Украина. Ако успееме, а оваа средба биде клучниот чекор за конечно решение, сите треба да го поздравиме фактот дека претседателот Трамп игра улога на мировен посредник, нагласи Рубио во интервју за новинарката Кетрин Херич, емитувано на социјалната мрежа Икс.

Можете да прочитате

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 29 луѓе

ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

УНИЦЕФ: Холандија и Данска се најдобри земји за живот на децата