Утрински Весник
Свет

Рубио: САД сега подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина

Rubio.webp.webp

САД подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

-Можеби за прв пат во оваа администрација имаме конкретни примери за работите што Русија би ги побарала за да се заврши војната, рече Рубио во интервју за Фокс Бизнис Нетворк. Тој додаде дека клучните елементи во секој договор би вклучувале територија.


Рубио истакна дека останува уште многу работа да се направи пред евентуалната средба меѓу претседателот Трамп и неговиот руски колега Путин за да се стави крај на војната во Украина.

-Денеска беше добар ден, но сè уште имаме многу работа. Има многу пречки што треба да се надминат, се надеваме дека ќе го постигнеме ова во наредните денови и часови, можеби и недели, истакна државниот секретар кратко откако Белата куќа ја потврди информацијата од „Њујорк тајмс“ дека Трамп „е отворен“ за лична средба со Путин, како и со Зеленски.

Претходно, американскиот претседател изјави дека е отворен за таква средба со Владимир Путин, како и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, според Белата куќа.

По посетата на Москва од неговиот специјален пратеник Стив Виткоф, за која се вели дека била продуктивна, американскиот претседател информираше неколку европски лидери дека има намера лично да се сретне со својот руски колега, можеби уште следната недела, а потоа да одржи средба со украинскиот претседател, објавија Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен.

Американскиот пратеник се сретна со Путин во Москва два дена пред истекот на американскиот ултиматум до Русија, кој бара ставање крај на конфликтот во Украина.

Можете да прочитате

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Болсонаро ја окупираа парламентарната говорница

Само 1,5 проценти од земјоделското земјиште во Појасот Газа е употребливо