Утрински Весник
Свет

Рубио: Ако почнат вистински преговори, треба да се вклучат Украина и Европа

20250217072102 Big 730x400 25.webp.webp

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека и Украина и Европа треба да бидат вклучени во преговорите за ставање крај на војната со Русија, по стравувањата дека САД и Русија ќе водат само билатерални разговори.

„Доколку се започнат вистински преговори, а тие се уште не се започнати, но кога ќе започнат, Украина ќе биде поканета бидејќи тие се оние кои беа нападнати“, изјави Рубио за американската телевизија Си-Би-Ес.


„И Европејците исто така ќе бидат вклучени затоа што воведоа санкции кон Путин и Русија и тие се вклучени во сето ова“, рече Рубио, предупредувајќи дека преговори  „се уште нема“.

Американскиот државен секретар во моментов е во Ерусалим, каде што одржа прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Оттаму, Рубио патува во Саудиска Арабија за да се сретне со руските претставници, заедно со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Волц.

Рубио во интервјуто не кажа кој ќе биде во руската делегација и кога точно ќе започне средбата.

На преговорите во Саудиска Арабија нема да присуствуваат ниту украински ниту европски претставници. 

Можете да прочитате

Костенко: САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија

Рубио: Трамп и Путин ќе се сретнат само ако има напредок за крај на војната во Украина

Пристигна картичка која ви овозможува да плаќате во криптовалути на продажни места и онлајн