Утрински Весник
Македонија

РСБСП: Понежниот пол е одговорен учесник во сообраќајот

20250307094112 Big 730x400 56.webp.webp
Dik 300x250 mk

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска апелира сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и сигурни бидејќи, како што наведуваат, секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.

– Празникот 8 Март потсетува на важната улога на жените во нашето општество.


На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.

Жените имаат сила, храброст, сообраќајно знаење и вештини, но и тие се подеднаково изложени на бројни ризици како и останатите учесници во сообраќајот.

За среќа, тие умеат да се заштитат без разлика дали се возачи, патници или на било кој начин учествуваат во сообраќајот, се вели во соопштението.

Од РСБСП посочуваат дека статистиката кажува дека жените се повнимателни и поодговорни учесници во сообраќајот. – Ајде на дело да го покажеме и надградиме тоа.

И денес и секој следен ден! Во таа насока како дел од кампањата на РСБСП оваа година се вклучија и бројни јавни личности од понежниот пол, со цел заеднички да ја пренесеме пораката за безбедното учество во сообраќајот на патиштата! Среќен 8 Март!, стои во соопштението од РСБСП.

Можете да прочитате

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Синдикатот на професионални војници наспроти министерот: Во МО и Армијата НЕ ПОСТОИ родова еднаквост

Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот