Тренерот на германскиот бундеслигаш Лајпциг, Марко Розе, истакна дека неговиот тим одиграл под нивото во првото полувреме од дуелот против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Манчестер Сити поведе со голот на Марез во првото полувреме, a Лајпциг возврати преку Јошко Гвардиол во вториот дел и стигна до реми (1:1) пред реваншот на „Етихад“.
„Одигравме две многу различни полувремиња. Како да не постоевме во првото полувреме. Само трчавме по топката, а бевме многу лоши кога ја имавме во посед. Едноставно не бевме на нивото на Лигата на шампионите. Во вториот дел бевме значително подобри со топката во нозе и одигравме како што знаеме“, изјави Розе.
Реваншот меѓу Манчестер Сити и Лајпциг е закажан за три седмици.