Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди – 200 настапи за Португалија!

Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди – 200 настапи за Португалија!
Img 7972

Кристијано Роналдо е навикнат да руши рекорди во неговата неверојатно долгорочна кариера, но тој рекорд што го постави сега е многу тешко да се верува дека ќе биде соборен во блиската историја.

dobivaj vesti na viber

Кога селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го постави во игра како стартер на квалификацискиот меч за Еуро 2024 во Рејкјавик против Исланд, фудбалерот на Ал-Наср официјално го запиша 200. настап во репрезентативниот дрес, нешто што досега не му успеало на ниту еден фудбалер.

Роналдо пред мечот ја доби наградата од Гинисовата книга на рекорди за ова постигнување.

Во женскиот фудбал, ситуацијата е поинаква – дури 26 фудбалерки имаат над 200 репрезентативни настапи, а апсолутен рекордер е Американката Кристин Лили, која 354 пати играше за САД од 1987 до 2010 година.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона