Неколку дена откако постигна четири гола за Ал-Наср, Кристијано Роналдо докажа дека е подготвен да го крене нивото на својот клуб со две асистенции за 2:1 победа над Ал-Тавон и враќање на првото место во Саудиската Суперлига.
Роналдо во 17. минута му прати совршена топка на Абдулрахман Гариб за водство на домаќините, пред Ал-Тавон да израмни на почетокот на второто полувреме со голот на Шпанецот Алваро Медран. Одлучувачкиот гол падна во 78. минута од мечот, кога Роналдо му асистираше на Абдула Маду во спорна ситуација по која следуваше долга проверка преку ВАР-системот пред голот да биде признаен.
Ал-Наср пак се први на табелата со 40 поени, пред Ал-Итихад и Ал-Шабаб со ист број на поени, но со послаба гол-разлика.
Assistência de Ronaldo para o golo do Al Nassr 👌 pic.twitter.com/9FgVzLGDLp
— B24 (@B24PT) February 17, 2023
Cristiano Ronaldo with another assist, Best playmaker when he wants to be 🔥
Al Nassr 2-1!pic.twitter.com/gzThvhaVXd
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) February 17, 2023