Утрински Весник
Спорт

Роналдо одбил нестварна понуда од Саудиска Арабија

Роналдо одбил нестварна понуда од Саудиска Арабија

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо летово добил само една понуда, пишува „Мирор“. Според нивните извори, Ал-Хилал од Саудиска Арабија бил подготвен да му плати на Португалецот 242.000.000 евра за две сезони.

dobivaj vesti na viber

Португалецот без размислување ја одбил понудата која ќе го направеше најплатен фудбалер на сите времиња.

Неодамна претседателот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасир Ал-Машал, изјави дека сака да го види 37-годишниот ас во првенството на оваа земја.

Роналдо неодамна се обиде да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но неговите планови не успеаја. Тој има договор со „црвените ѓаволи“ до 2023 година.

Португалецот не е задоволен од минутажата што ја добива во Манчестер, под палката на Ерик Тен Хаг.

Од почетокот на сезоната тој се уште нема постигнато ниту еден гол во Премиер лигата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина