Утрински Весник
Спорт

Роналдо ќе заработи над 400 милиони евра од Саудиска Арабија

Роналдо ќе заработи над 400 милиони евра од Саудиска Арабија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо ќе заработи 200 милиони евра за да ја промовира кандидатурата на Саудиска Арабија за Светското првенство во 2030 година, покрај 200-те милиони кои ќе ги добие како плата од саудискиот клуб Ал-Наср, објавува „Франс прес“.

dobivaj vesti na viber

37-годишниот Роналдо, кој во декември го раскина договорот со Манчестер јунајтед, минатата недела беше презентиран како засилување на клубот во Ријад, како убедливо најпознатиот фудбалер кој решил да игра на Блискиот Исток. Кралството Саудиска Арабија, заедно со Египет и Грција планираат кандидатура за СП во 2030 година.

„Роналдо ќе биде платен повеќе од 200 милиони евра за договорот. Тој ќе биде амбасадор на Светското првенство во 2030 година за дополнителни 200 милиони евра“, објавува анонимниот извор за „АФП“.

Договорот со Ал-Наср бил поддржан од кралското семејство, вклучувајќи го и принцот Мохамед бин Салман, кој заедно со својот брат Наиф, како и неговите синови Турки и Ракан се почесни членови на Ал-Наср. Тој е финансиран преку Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), компанијата која го купи премиерлигашот Њукасл јунајтед и ја формираше паралелната голферска серија, ЛИВ.

Ал-Наср има девет титули од Саудиската лига, но ниту еднаш не ја освоиле Азиската ЛШ, за разлика од четирикратните шампиони Ал-Хилал и двократните шампиони Ал-Итихад.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место