Утрински Весник
Култура

Романтичниот балет „Жизел“ на репертоарот на МОБ

Романтичниот балет „Жизел“ на репертоарот на МОБ

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

На 28 февруари во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, Игор Веланоски, а на 2 март во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“