Рома како дел од трансферот на Николо Заниоло во Галатасарај, договори два потенцијални трансфери на талентирани фудбалери.
Кога Галатасарај ќе се реши да ги продаде Јусуф Демир и Ефе Екман, ќе мора да ја чека Рома да се изјасни пред да почне преговори со други клубови.
Демир е роден 2003 година и играше во Барселона. Тој игра на позицијата десно крило, а роден е во Австрија, што е многу важен детал бидејќи не го зазема местото на странец.
Тој оваа сезона забележа шест настапи за Галата и постигна еден гол откако пристигна во септември.
Екман е роден во 2006 година и важи за најголемиот талент на Турција и ги покрива сите позиции во средниот ред.
Рома од трансферот на Занило фиксно заработи 16,5 милиони евра, плус преку бонусите може да инкасира дополнителни 13 милиони евра.