Утрински Весник
Македонија

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат на мирен марш за правично судење на 8-ми Ноември

12333.jpg

Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат на 29-ти ,,Марш на ангелите”.

-На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи.

Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот.

Во пресрет на почетокот на процесот,

Ве повикуваме сите граѓани на Македонија, на Кочани, сите што верувате во човечноста и правдата, да ни се придружите на:

8 НОЕМВРИ 2025 (САБОТА)

во 14:05 часот

од Паркот на револуцијата Кочани до Основен суд Кочани

Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство,

во име на оние што повеќе не можат да чекорат.

Овој марш не е протест,

туку мирен повик за правично судење, за да потсетиме дека зад секој „број“ стои име, живот, семејство и болка.

Нашата порака е едноставна, но длабока:

– За нашите деца.

– За вистинска правда.

– За Македонија со совест.

Да покажеме дека ова општество не молчи пред неправдата

и дека постои народ што не се откажува од вистината!!!, велат од Здружението.

Можете да прочитате

Моника Зајкова избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје

Судење на 13 полицајци за трагедијата во „Пулс“: сослушани сведоци, прикажани видео – снимки од внатрешноста на дискотеката за време на пожарот