Утрински Весник
Балкан

Роде: Нападите на НАТО не се причина за славење, беше морална обврска да се прекинат злосторствата на Милошевиќ

Rode.webp.webp

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изјави дека датумот на почетокот на воздушните напади на НАТО врз воените и полициски цели на тогашна Сојузна Република Југославија, 24 март 1999 година, не е причина за славење, јави дописникот на МИА од Приштина.

По повод 25-годишнината од почетокот на воздушната кампања на Северноатлантската алијанса во Косово и СРЈ, Роде на платформата Х напиша дека е направено „она што беше неопходно“ за да се спречи „натамошното крвопролевање и злосторствата од страна на режимот“ на тогашниот срспки лидер, Слободан Милошевиќ.

Тој порача дека сојузот кој го изврши тогашниот напад врз српските сили останува на ставот дека таа одлука била исправна.

– Го направивме она што беше неопходно за да го спречиме натамошното крвопролевање и злосторствата од страна на режимот на Милошевиќ во Косово, откако дипломатијата не успеа. Тоа беше наша морална одговорност и остануваме на таа одлука, напиша Роде.

Можете да прочитате

Хотелите во Будва бараат 5.000 сезонски работници

Милановиќ: Постои држава која овозможува зајакнување на Србија, да не е Израел?

Еди Рама се расправаше со новинари