Утрински Весник
Свет

Роботите за длабоко нуркање стигнаа до дното на Атлантикот, последни минути надеж да се спаси екипажот

Роботите за длабоко нуркање стигнаа до дното на Атлантикот, последни минути надеж да се спаси екипажот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Потрагата по подморницата Титан, која исчезна некаде во Атлантикот на пат кон остатоците од Титаник, влегува во завршна фаза, предупредуваат експертите. Во неа има пет лица, кои денеска имаат кислород до околу 13 часот, а подводни звуци за кои постои сомневање дека доаѓаат од подморницата се слушале во неколку наврати.

dobivaj vesti na viber

Спасувачките тимови имаат само неколку часа пред екипажот да остане без кислород, а точната локација на исчезнатата подморница се уште не е позната.

Во меѓувреме Француски истражувачки брод го испрати својот робот на дното на Атлантикот, соопшти американската крајбрежна стража во првото ажурирање за напредокот на спасувачката операција од синоќа.

Канадскиот брод Хоризон Арктик, исто така, го распореди својот подводен уред со далечински управувач „кој стигна до дното на океанот и започна потрага по исчезнатата подморница“, соопшти крајбрежната стража.

Во исто време, според предвидувањата на експертите, официјално се исцрпени залихите на кислород.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп