Утрински Весник
Македонија

Роберт де Ниро наскоро добива голема награда

Robert de niro.jpg

Роберт де Ниро ќе ја прими почесната награда на церемонијата на отворањето на Канскиот филмски фестивал.

– Навистина ми се допаѓа Канскиот филмски фестивал. Особено денес, кога толку многу работи во светот нè разделуваат, Кан нè зближува. Како да се враќаме дома – рече 81-годишниот актер во соопштението издадено од организаторите на фестивалот.


Роберт де Ниро ќе добие награда за животно дело и награда за кариера.

Познатиот актер играл во многу филмови кои денес се сметаат за класични достигнувања на филмската уметност. Тој влезе во историјата играјќи го Вито Корлеоне во филмот „Кум 2“ на Френсис Форд Копола во 1974 година. За таа улога, тој освои Оскар за најдобра споредна машка улога, а за улогата во филмот „Таксист“ ја освои Златната палма во 1976 година.

Тој се истакна и во многу други култни филмови како што се „Си било еднаш во Америка“, „Бесниот бик“, „Ловецот на елени“…

Можете да прочитате

Опасен тренд се шири на Инстаграм: Деца од Скопје упаѓаат во објекти и се качуваат на ризични височини

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

ДОМ: Пехчево покажа дека јавниот интерес мора да биде пред нетранспарентните договори