Утрински Весник
Македонија

РКЕ: Издадени лиценци за нови фотонапонски централи со вкупна моќност од скоро 250 MW

Solarna Elektrana1.jpg

Во периодот од јануари до август 2024 година, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) издаде лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од речиси 250 MW. Овие лиценци претставуваат значаен чекор кон зголемување на капацитетите за обновлива енергија во земјата.

„Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива. Главно се работи за компании кои инсталираат фотонапонски панели за да ги задоволат своите енергетски потреби. Со произведената енергија од овие капацитети, може да се снабдуваат околу 80.000 домаќинства,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во текот на 2023 година, РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна моќност од 399 MW, што претставува значителен раст во споредба со 2022 година, кога беа издадени лиценци за 152,2 MW.

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека