Утрински Весник
Економија

РКЕ ги соопшти нови цени на горивата, бензините поевтинуваат, дизелот иста цена

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна
Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и
нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и
обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали
износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20
денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните
цени на нафтените деривати во просек за 1,41 % во однос на одлуката од 23.3.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат
намалување во просек: кај бензините за 3,758%, кај дизелот има зголемување за 1,604%, кај екстра лесното
маслото зголемувањето е за 2,151% и кај мазутот има намалување за 1,055%.


Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка
е понизок за 0,5414 %.

Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека
малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.3.2025 година. Трговците на
големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат д

Можете да прочитате

До 40 проценти повисоки плати: потпишан колективен договор во Министерството за јавна администрација

СДСМ: Граѓаните немаат пари и едвај врзвуваат крај со крај

Седница на Советот на НБРМ: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици