Утрински Весник
Економија

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

Struja 3.webp.webp

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за  3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби.  Сега останува универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, под наш надзор  да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 %.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува со околу 33%, додека надоместокот за користење за преносниот систем учествува со околу 4% во крајна цена и цената на МЕМО е со незначително учество од околу 0,19 % во крајната цена .

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот