Утрински Весник
Спорт

РК Вардар победнички стартуваше во ЕХФ Купот

Download 1.jpg

Ракометниот тим на Вардар, во СЦ „Јане Сандански“ Скопје црвено-црните убедливо го победија Валур со убедливи 33-26.

Македонскиот тим прашањето околу победникот го реши уште во првото полувреме кое го доби со неверојатни 19-11.

Големата предност на Вардар му донесе мирно второ полувреме во кое само ја одржуваше високата предност за на крајот да слави со 33-26.

На голот на Вардар фантастична партија имаше голманот Фереира кој запиша 14 интервенции, најефикасни беа Борозан и Срдановиќ со по шест голови.

Магнусон со четири гола беше најдобар кај Валур, голманот Густавсон имаше одличен меч со 15 одбрани.

Можете да прочитате

Марадона ќе добие споменик во центарот на Буенос Аирес

Алкараз по елиминацијата од Имбер се пожали на подлогата во „Берси“

Застрелан поранешен играч на Хајдук и Риека