Утрински Весник
Спорт

Ристовски: Украина е силна селекција, но ние се надеваме на перфектен меч

Ристовски: Украина е силна селекција, но ние се надеваме на перфектен меч

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Украина во квалификациите за ЕВРО 2024. Селекторот Благоја Милевски очекува нашиот национален тим да одигра квалитетен меч и посакува позитивен резултат.

dobivaj vesti na viber

„Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготвка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма не можеме многу да зборуваме, туку за она кој од нив е близу до натпреварувачки ритам. Она што ме прави задоволен во овој изминат период, од 2 јуни па наваму, мислам дека успеавме да направиме баланс од оние кои завршија подоцна, со оние кои порано завршија со своите шампионати. Има крв и желба кај сите за овој натпревар и тоа ќе ни биде еден од условите за натпреварот со Украина, тоа ќе биде максимална трка и физичка подготвеност. Ќе мора да бидеме на 100%, затоа што Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално“, изјави селекторот Милевски.

„Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европско и други мечеви, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција. Ние мора да бидеме и на повисоко ниво од нашето, ако сакаме успешен резултат“, дополнува предводникот на македонската репрезентација.

Капитенот Стефан Ристовски вели дека Украина е многу силна селекција, но во нашиот табор очекуваат добра игра и позитивен резултат.

„Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч. Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Подготвени сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат“, изјави Стефан Ристовски.

Можете да прочитате

Горан Станиќ нов селектор на У21 репрезентацијата!

Дончиќ ја доживеа најтешката повреда во НБА-кариерата

Фабијански се чувствува добро по повредата што ја доби на стадионот „Сент Мери“