Утрински Весник
Македонија

Ристоска бара извинување од Латас, ја клеветел и напаѓал поради нејзината кандидатура во ЕСЧП

Foto lence ristoska.jpg

Обвинителката Ленче Ристовска денеска соопшти дека во изминатиот период е напади поради нејзината апликациија за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, мета била на неосновани напади и клеветнички изјави.

„Денес упатив барање за јавно извинување до Драган Павловиќ Латас, за клевети искажани во емисијата “Само вистина” емитувана на Канал 5 на 16.05.2025 година, во која лажно тврди дека неовластено сум земала износ од 100.000 евра според Агенција за борба против корупција и дека немам ни стаж. Имајќи предвид дека ДКСК за мене никогаш немала поведено било каква постапка поврзана со примањата кои ги имам остварувано како обвинител во СЈО, како и дека сум дел од правосудниот систем од 2009 година, барав јавно извинување за ваквите клевети“, напиша Ристоска на „Фејсбук“.


Како што наведува, причината поради која смета дека е неопходно да реагира е што постапката за избор на кандидатите е во сензитивна фаза.

„И Владата на Република Северна Македонија се уште се нема произнесено по предлогот на комисијата, па ваквиот интенциозен јавен напад, освен штета по мојот интегритет, може да нанесе директна штета во однос на мојата позиција во понатамошниот тек од постапката. Конечно, додава таа, немам апсолутно никаков проблем со тоа некој да смета дека има други кандидати кои ја заслужуваат позицијата судија во Европскиот суд за човекови права повеќе од мене, но во духот на праксата на Европскиот суд за човекови права неопходно е изјавите и коментарите кои се даваат во јавноста да бидат базирани на точни и проверени информации, со цел поттикнување на објективна и издржана јавна дебата“, пишува Ристовска.

Можете да прочитате

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра

Советници од СДСМ во општина Кавадарци бараат одговори за работењето на Ски центарот „Михајлово“

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист