Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ристевска-Јорданова: Шолц кажа дека не треба да има нови услови, но малку ли се досега со Уставот и протоколот

Демократскиот сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија
300x250 opst2

Поранешната директорка на Институтот за европска политика и актуелен член на Управниот одбор, Малинка Ристевска-Јорданова ја коментираше изјавата на германскиот канцелар дека нема да има нови условувања од Бугарија на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Според, Ристевска-Јорданова и досега има многу условувања, а тука не е вклучена само промената на Уставот, туку и протоколот.

„Не ми е јасно што не е јасно. Шолц само кажа дека не треба да има нови услови во билатералните односи, надвор од оние досега утврдени во ЕУ. А малку ли се досега такви? Промена на Устав + спроведување Протокол + сѐ што може да се изведе од нив во кластерите/поглавјата…“, вели Ристевска-Јорданова.

Уставните измени беа во фокусот на синоќешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека сега од централно значење е планираната промена на Уставот за да се ослободи патот за ЕУ. Шолц потоа кажа дека нема да има нови условувања од Бугарија.

Можете да прочитате

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина 

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo