Утрински Весник
Економија

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Risteski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески најави дека од 1 јануари, покрај синдикалната минимална потрошувачка кошничка, Владата ќе почне да пресметува и просечна потрошувачка кошничка за најмалку четиричлено семејство. Најавата ја даде при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, посочувајќи дека темата ќе биде разгледана на седницата на Економско-социјалниот совет закажана за 22 декември.

„Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард“, вели Ристески.

Тој појасни дека при пресметката ќе се користат податоци од најголемите супермаркети, основните прехранбени производи и регионални ценовни разлики.

„Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство“, истакна Ристески.

Според него, во иднина се планира пресметка и на други потрошувачки кошнички за двочлено, трочлено семејство и за пензионери, за што ќе се разговара во рамките на Економско-социјалниот совет. Во однос на минималната плата, Ристески посочи дека таа се пресметува согласно важечкиот закон, а усогласувањето треба да се случи до 31 март 2026 година. „Доколку се договорат за промена на постојната формула, за повисока плата, ние како Влада тоа ќе го испочитуваме.

Се додека не се договорат ние имаме Закон кој мора да го почитуваме и според тој Закон според пресметките зголемувањето на минималната плата треба да изнесува од 1.700 до 2.000 денари“, рече Ристески.

Можете да прочитате

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Нелогични трансaкции од 2 милиони, неисплатени добивки од над еден милион евра – Ревизија откри хаос во Државна лотарија