Утрински Весник
Економија

Ристески: Ги следиме цените, комплетната анализа на ДПИ се очекува наредната недела

Telmamarket.jpg

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на новинарско прашање одговори дека комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела. Ристески истакна дека оваа Влада за разлика од некои претходни влади секогаш прави добри анализи пред да донесе некоја одлука и мерка, а како што рече, така ќе биде и овој пат.

„Ние ги следиме цените максимално преку Државниот пазарен инспекторат правиме анализи и доколку заклучиме дека има потреба да се донесе некоја одлука и мерка ќе го направиме во интерес на граѓаните за заштита на животниот стандард. Пред се на нас како Влада ни се интерес граѓаните и нивниот животен стандард“, изјави Ристески.


Заменик министерот за економија и труд додаде дека врз основа на тековната анализа, која ја изготвува ДПИ има мало зголемување на цените, а најмногу на кафето и маслото, кои се берзански производи.

„Особено вратени се дел од цените на производите како што беше пред одлуката, којашто беше пред еден месец и повеќе, има мало покачување на одредени цени, има останато некои и на исто ниво. Но, имаме поголемо зголемување на цените на кафето и маслото, кои се берзански производи и зависат од светските берзи. Меѓутоа, сепак за крајна одлука ќе биде известена јавноста, доколку ја има, а тоа ќе ја покаже комплетната анализа, која ќе биде готова во текот на наредната недела“, рече Ристески.

Прашан за воените тензии на Блискиот исток, кои најверојатно ќе се рефлектираат и на берзата на енергенси и дали Владата има план како да се справи со нов енергетски удар, Ристески посочи дека Владата ја следи ситуацијата на светско ниво.

Ја пратиме не само ситуацијата на внатрешната економија, туку ги пратиме и светските случувања, она како што иде, така и ќе реагираме како Влада. Мораме да бидеме и претходно спремни и да имаме информации и да имаме состаноци на повеќе министерства и на Влада. Се прати ситуацијата доколку ескалира работата, која би предизвикала и одреден потрес и на светската економија, нормално е дека ќе реагира Владата со соодветни мерки“, изјави Ристески.

Тој додаде дека по ова прашање Владата нема да чека и да не понесе светската економската криза и затоа како што рече „мора да бидеме спремни, а тоа го правиме“.

Можете да прочитате

Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во собраниската Комисија за финансирање и на пленарна седница

Славески: Макроекономската стабилност е клучот за побрза конвергенција

Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија е смерница на фискалната политика и води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој