Утрински Весник
Спорт

РФМ ќе ги награди машката и женската репрезентација за пласман на СП и ЕП со по два милиони денари

Emr4l .jpg

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи да ги стимулира машката и женската репрезентација за пласман на завршниците од СП-2025, односно ЕП-2024 со по 2.000.000 денари. Најдобрите ракометари премијата од два милиони денари ќе ја поделат доколку преку бараж двомечот со Фарски Острови на 8 и 12 мај се пласираат на Мундијалот 2025 кој ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Истата парична награда од 2.000.000 денари ќе ја добијат како премија и девојките доколку се пласираат на завршницата од Европското првенство 2024 кое ќе се одржѓи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Женската селекција е на добар пат да обезбеди виза за учество на континенталниот собир уште во април со победи во дуелите од квалификациската група со Азербејџан и Литванија.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата