Утрински Весник
Магазин

Режисерката на „Тил“ ги критикува „Оскарите“ за мизогинија кон афроамериканските жени

Режисерката на „Тил“ ги критикува „Оскарите“ за мизогинија кон афроамериканските жени

Режисерката Чиноние Чукву го обвини Холивуд за бесрамна мизогинија кон афроамериканките откако нејзиниот филм „Тил“ не доби ниту една номинација за „Оскар“.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот биографски филм, кој ја раскажува животната приказна на Меми Тил-Мобли – жената што  се бореше за правда за својот син Емет Тил откако бил линчуван во 1955 година –  оваа година не е номиниран во ниту една категорија за „Оскар“.

„Живееме во свет и работиме во индустрии кои се толку агресивно посветени на одржување на ‘белината’ и овековечување на мизогинијата кон црните жени. Сепак, јас сум благодарна за најголемата лекција во мојот живот, а тоа е дека без разлика на предизвиците или препреките, секогаш ќе имам моќ да го негувам сопствениот раст и тоа е радост што ќе продолжи да биде една од моите најголеми форми на отпор“, напиша таа на „Инстаграм“.

Во својата објава, Чукву сподели фотографија на која се насмевнува покрај активистката за граѓански права Мирли Еверс-Вилијамс, која во филмот ја глуми актерката Џејм Лосон.

Критиките уследија особено за категоријата најдобра актерка. Многумина се изненадени што во таа категорија е номинирана Андреа Рајзборо за улогата во To Leslie. Заедно со неа, номинирани се Кејт Бланшет, Ана де Армас, Мишел Вилијамс и Мишел Јео.

На Академијата за филмски уметности ѝ замеруваат дека Виола Дејвис, која глуми во The Woman King („Жената крал“) и Даниела Дедвајлер, која глуми во Till, биле изоставени од таа категорија. И двете беа номинирани за други награди пред „Оскарите“, додека Рајзборо не го доби истото внимание како нив.

Можете да прочитате

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички