Утрински Весник
Економија

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната

Esm 768x432 1.jpg

Државната компанија АД ЕСМ систематски работела со огромни загуби бидејќи била принудена произведената електрична енергија да ја продава на универзалниот снабдувач по цени далеку пониски од производствените. Ова го утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај за енергетската транзиција.

Според ревизорите, ваквата одлука, иако донесена за заштита на граѓаните од ценовни шокови, сериозно го доведува во прашање опстанокот на компанијата и нејзината способност да инвестира во зелената транзиција.


Најдраматични се податоците за 2024 година, кога производствената цена на струјата на АД ЕСМ изнесувала 113 евра по мегават-час, а компанијата била принудена да ја продава за само 59 евра. Сличен тренд се бележи и во претходните години:

  • во 2023 година производната цена изнесувала 91 евро, а продажната 55 евра по мегават-час;
  • во 2022 година производната цена изнесувала 70 евра, а продажната 54 евра по мегават-час.

Ревизорите недвосмислено заклучуваат дека работењето во вакви услови го загрозува континуитетот на АД ЕСМ и спроведувањето на јавните инвестиции во енергетиката.

Како директна последица на овие загуби, државата морала да ја поддржува компанијата со средства од Буџетот, додека во 2023 година ЕСМ била принудена да се задолжи кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со заем од 100 милиони евра за да ја одржи ликвидноста.

Можете да прочитате

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти

СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%