Утрински Весник
Спорт

Ретклиф со нова понуда за Јунајтед во обид да се забрза продажбата

Ретклиф со нова понуда за Јунајтед во обид да се забрза продажбата

Британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф сака да го забрза процесот околу продажбата на Манчестер јунајтед и веќе понудил на семејството Глејзер нов договор во обид да ги примора да го продадат клубот.

dobivaj vesti na viber

Јунајтед се во сопственост на непопуларните Американци од 2005, кога платија 790 милиони фунти на клубот, и во ноември објавија дека бараат инвеститори за клубот, со два главни кандидати, Ретклиф, газдата на компанијата „Инеос“, кој дал понуда од 5.5 милијарди фунти со која Глејзери ќе останат малцински сопственици, и катарскиот шеик Џасим, кој нуди 6 милијарди фунти за целосно преземање на клубот и „чистење“ на долгот од 500 милиони фунти.

Во јуни изгледаше дека Катарците се победници во трката, но неколку месеци подоцна се појавија шпекулации дека Глејзери целосно го повлекле клубот од пазарот. Ова придонесе за пад на акциите на клубот, пред сега Ретклиф да се обиде да го поттурне проектот, наводно со понуда која се доближува до 6 милијарди фунти.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо