Утрински Весник
Балкан

Република Српска гласа на претседателски избори – се бира наследник на Додик

Miroslav Dodik.jpg

Република Српска денес избира нов претседател, на вонредни избори што следат по одлуката на Централната изборна комисија на БиХ да му го одземе мандатот на Милорад Додик.

Право на глас имаат над 1,2 милиони гласачи а во трката за претседател се шест кандидати:

  • Синиша Каран
  • Бранко Блануша
  • Драган Ѓокановиќ
  • Никола Лазаревиќ
  • Игор Гашевиќ
  • Славко Драгичевиќ

Според аналитичарите, најжестока битка се очекува меѓу Каран од владејачкиот СНСД и Блануша од опозициската коалиција предводена од СДС.

Политички аналитичари предупредуваат дека излезноста може да биде ниска, но дека резултатите ќе бидат силен индикатор за расположението на јавноста пред редовните општи избори во 2026 година.

Можете да прочитате

Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани стотина семејства

Предвремени претседателски избори во Република Српска

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство