Утрински Весник
Магазин

Ремзи за новогодишната вечера ќе наплаќа 400 фунти по лице, без пијалоци

Ремзи за новогодишната вечера ќе наплаќа 400 фунти по лице, без пијалоци
Dik 300x250 mk

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи го објави менито на еден од неговите ресторани во Лондон за новогодишната ноќ.

dobivaj vesti na viber

Во ресторанот „Гордон Ремзи“, кој има и три ‘Мишелин’ ѕвездички, новогодишната вечера ќе чини 400 фунти по лице, но пијалоците не се вклучени во цената. Менито ќе вклучува специјалитет наречен Duck tea, јастог, власец и печено телешко пециво.

 

Доколку некој од гостите сака да додаде вино на својата вечера, тоа ќе ги чини дополнителни 275 фунти. Така, кога се ќе се пресмета заедно, цената на новогодишната вечера во ресторанот на познатиот готвач ќе биде 675 фунти по лице.

Некои можеби ќе ја дочекаат новогодишната ноќ во друг од рестораните на Ремзи, „Петрус“, пренесува „Мирор“.

Таму, готвачот ќе наплати 300 фунти по лице за оброк. Менито вклучува јадења како чадена јагула, салата од компири и печен гулаб. Истиот ресторан ќе биде отворен и за Божиќ, кога оброк за едно лице ќе чини 275 фунти.

Можете да прочитате

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“

Најмалите деца најмногу шират вируси

Слатко од тиква – 24info.mk