Утрински Весник
Спорт

Реми со мнoгу голови меѓу Шкупи и Академија Пандев, убедлив триумф на Работнички

Реми со мнoгу голови меѓу Шкупи и Академија Пандев, убедлив триумф на Работнички

Шкупи и Академија Пандев одиграа 3:3 во Кичево на дуелот кој изобилуваше со шанси и со голови, посебно во првото полувреме. Тимот од Чаир имаше 3-2 до пред крајот, но младиот Трајков во 90.минута погоди за израмнување.

dobivaj vesti na viber

Шкупи поведе со голот на Реналдо Цефас во 12.минута, но потоа следуваше добар период за гостите. Ване Крстески со прекрасен гол израмни на 1:1 во 27.минута, а Агрон Руфати направи пресврт во 36.минута.

Шкупи израмни веќе во следниот напад со голот на Мамаду Данфа, а Валид Хамиди во 45.минута од првиот дел повторно донесе предост за 3:2.

Сепак, резервистот Трајков во финишот искористи една шанса и донесе важен бод за Академија Пандев.

Работнички беше убедлив против ФК Скопје во Велес и славеше со 4:0. Крсте Велкоски постигна хет-трик, а погоди и Гандо Биала.

Останатите натпревари од 21.коло во Првата фудбалска лига се играат утре: Брегалница – Шкендија, Победа – Силекс, Македонија ЃП – Тиквеш.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина