Утрински Весник
Свет

Рекордна загаденост на воздухот во Њу Делхи – 60 пати над максималниот праг

20241118091912 Big 730x400 1.webp.webp

Загаденоста на воздухот во Њу Делхи утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат мерењата спроведени од компанијата IQAir.

Концентрацијата на ПМ2,5 микрочестички (најопасни затоа што влегуваат во крвта) измерена утринава на одредени мерни точки од мегаполисот во кој живеат околу 30 милиони лица, изнесува 907 микрограми на метар кубен воздух.

Повеќето училишта во областа денеска се затворени, сообраќајните ограничувања се зајакнати и се препорачува работа од далечина до понатамошно известување.

Секоја зима Њу Делхи се соочува со пикови на загадување предизвикани од отровните испарувања од фабриките и патниот сообраќај, на кои во овој период од годината се придодаваат и пожарите од сезонското палење на земјоделските површини.

Локалните власти уште синоќа ја активираа фазата 4 од нивниот план за предупредување „за да се спречи натамошно влошување на квалитетот на воздухот“.

Густа покривка од токсичен смог денеска зафати повеќето делови од северна Индија. Смогот, отровна мешавина од чад и магла, секоја зима се формира додека студениот воздух ја задржува прашината, емисиите и чадот од нелегалното палење на полињата на фармите во некои околни држави.

Видливоста опадна на 100 метри во Њу Делхи и Чандигар, град северозападно од главниот град, но властите соопштија дека летовите и возовите продолжија да работат со одредени задоцнувања.

Индиското тело за контрола на загадувањето соопшти дека 24-часовниот индекс на квалитетот на воздухот во главниот град (AQI) е 484, што е класифицирано како „тешко“, највисоко оваа година.

Според рангирањето на швајцарската групација IQAir, Њу Делхи е најзагадениот град во светот со квалитет на воздух од „опасни“ 1081 и концентрација на ПМ2,5 честички – честички со пречник од 2,5 микрони или помалку кои можат да влезат белите дробови, предизвикувајќи фатални болести и проблеми со срцето.

Можете да прочитате

Хорор во зоолошка градина во Романија: Тигар го уби чуварот

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона