Утрински Весник
Спорт

Реконструкцијата на „Ноу Камп“ ќе ја чини Барса фантастични 900 милиони евра

Реконструкцијата на „Ноу Камп“ ќе ја чини Барса фантастични 900 милиони евра
Dik 300x250 mk

Потпретседателката и портпаролка на Барселонаа, Елена Форт потврди дека турската компанија „Лимак констракшн“ ќе работи на обновата на нивниот легендарен стадион „Ноу Камп“, со почеток на работите во јуни 2023 и вкупна цена од 900 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Денеска го направивме изборот на компанијата за обнова на ‘Ноу Камп’, турската компанија ‘Лимак’, со која ќе почне нова ера во историјата на наашиот клуб. Целта секогаш е Барселона да си ги заштити своите интереси, и во исто време реконструкцијата да се изврши во експресно брзо време. Имаме стадион кој носи многу трошоци и поради својата старост влијае на нашата економска конкурентност. Ќе се вратиме на ‘Ноу Камп’ пред 29 ноември 2024, кога е 125-годишнината на клубот. Конечната работа ќе биде завршена во јуни 2026“, објави Фонт.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен