Утрински Весник
Скопје

Реконструкција на водоводна мрежа и проширување на мостот на Маркова Река, најави oпштина Аеродром

Vodovodna mreza.jpg

Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.

MK Summit

Тендерските постапки и за двата проекта се во финална фаза и се очекува наскоро, по нивното комплетирање да се почне со реализација на терен.


Водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче за првпат од нејзината изградба добива целосна реконструкција при што старите и дотраени цевки ќе бидат заменети со нови и пошироки инсталации во должина од околу 1 300 метри.

Со ова конечно се става крај на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето што го имаат жителите во овој дел од Аеродром.

Наредниот период Општина Аеродром започнува и со реконструкција и проширување на мостот на Маркова Река, меѓу Горно и Долно Лисиче.

Мостот се наоѓа на многу фреквентна сообраќајница и токму заради зајакнување на безбедноста во сообраќајот се врши реконструкција со проширување на овој мост, со што би се добило побрз проток возилата, но она што е уште позначајно е дека ќе се зголеми и самата носивост на објектот.

Реконструкцијата на водоводната мрежа и на мостот се два капитални инфраструктурни  прокета од витално значење, особено за жителите на Долно и на Горно Лисиче, и се финансиски поддржани од Владата.

Вкупната вредност на реконструкцијата на водоводната мрежа изнесува 15.457.871 денар, додека вкупната вредност на проширувањето на мостот е во висина од 12.066.494 денари.

Општина Аеродром интензивно работи на подобрување и зајакнување на инфраструктурата на ниво на целата територија, со што аеродромци ќе добијат уште поквалитетни услови за живот и за безбедно и непречено извршување на секојдневните обврски.

Можете да прочитате

Пет години станари на скопската улица „Орце Николов“ стравуваат дека зградата ќе се запали од ќебапчилница која место вентилација избушила отвор во фасадата, миризбата им влегува дома

Утре без вода ул. Ванчо Мицков

Средни стручни училишта од Скопје ќе се претстават во ОУ „Блаже Конески“