Утрински Весник
Економија

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за една година и пет месеци, од јануари 2022 година до 31 мај 2023 година, има издадено лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW. Со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.

dobivaj vesti na viber

„Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија