Утрински Весник
Македонија

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“

20250513174209 big 730x400 4.webp.webp

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во рамки на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).

Конференцијата е во заедничка организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија и Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland e.V. – Канцеларија за Југоисточна Европа (ASB SEE), во партнерство со локални и регионални чинители од шест земји.


Конференцијата ќе ја отвори заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Можете да прочитате

Преку „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа поминале 14.000 патници

„За плата се бориме, не се молиме“ синдикалците излегоа на протест

Приведени седум лица за опожарувањето на објектот на Еврејската заедница во Скопје