Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ред Бул во одбрано друштво, Верстапен најпродуктивен

Ред Бул во одбрано друштво, Верстапен најпродуктивен
Img 7972

Со победата на Макс Ферстапен на трката за ГН на Канада во Монтреал, Ред Бул стигна до 100. триумф во Формула 1. Ред Бул со оваа победа влезе во кругот на тимови кои имаат постигнато повеќе од 100 победи.

dobivaj vesti na viber

Првото место на вечната листа и натаму го зазема Ферари со 242 триумфи, а потоа следуваа Мекларен (183), Мерцедес (125) и Вилијамс (114).

Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен му донесе најмногу триумфи на Ред Бул. Холанѓанецот 41 пат се искачи на највисокото скалило на подиумот. Втор е Себастијан Фетел со 38.

Покрај двата шампиони, триумфи на австрискиот тим му донесоа и Марк Вебер (девет), Даниел Рикиардо (седум) и Серхио Перез (пет).

Ред Бул моментално е во серија од девет победи. Доколку Ферстапен или Перес слават во Австрија на 2 јули, тоа ќе биде нивна 10. последователна победа, што би била најдолгата серија во историјата на тимот.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица