Утрински Весник
Спорт

Ред бул го реорганизираа Ф1 тимот по смртта на Дитрих Матешиц

Ред бул го реорганизираа Ф1 тимот по смртта на Дитрих Матешиц
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ред бул го откри новиот менаџерски тим како дел од планот за наследство на поранешниот сопственик, Дитрих Матешиц, кој почина минатиот месец. Австриската компанија веќе нема да има еден извршен директор, туку одговорноста ќе биде поделена меѓу Франц Вацлавик, кој ќе го надгледува основиот бизнис со енергетски пијалаци, главниот финансиски директор Александер Кирхмаер и Оливер Минцлаф, новоименуваниот директор за корпоративни проекти и инвестиции.

dobivaj vesti na viber

Ова значи дека Минцлаф ќе го надгледува Ф1 тимот, додека Кирхмаер ќе биде одговорен за моторспорт буџетот на компанијата. 47-годишниот Минцлаф, кој од 2000 до 2008 година работеше во производителот на спортска опрема, Пума, претходно беше одговорен за фудбалскиот синџир на клубови на Ред бул. Тој сега ќе се симне од позицијата претседател на бордот на бундеслигашот РБ Лајпциг и беше поврзуван со англискиот премиерлигаш Челси, пред ова именување.

Марк Матешиц, синот на поранешниот газда, потврди дека оваа струтура ја избрал самиот Матешиц и дека ја имаат целосната поддршка на тајландските партнери на компанијата, семејството Вувидја, кое останува главен акционер во компанијата.

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата