Утрински Весник
Македонија

Речиси 60 сантиметри снег има на скијачките центри – Снег на повеќе места ќе врне и понатаму, а во повеќето градови има и снежна покривка!

Ecm0 96.gif

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места  и секако на скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.

Највисока снежна покривка од скијачките центри има на Попоива Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен.


На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 7 часот утринава по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Да напоменам дека температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.

Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер.

Можете да прочитате

Шест месеци ни трага ни глас од Злата Јанкова од Свети Николе

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

Воздухот во затворен простор е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот – Прочистувачите за воздух се прва одбрана од загадувањето во домот