Утрински Весник
Свет

Речиси 45 тони канабис се пронајдени во магацин во Калифорнија

20241213091528 Big 730x400 83.webp.webp

Речиси 45 тони канабис пронајде полицијата во понеделникот во складиште во сојузната држава Калифорнија во САД, но сопственикот на дрогата не е идентификуван, се вели во соопштението објавено од полицијата на округот Сан Бернардино.

Полицијата била повикана од соседите кои почувствувале силен мирис на канабис кој се шири од новоизградениот магацин каде дрогата била спакувана во вреќи за ѓубре.


Непознат е сопственикот на хангарот во кој е пронајдена дрогата со пазарна вредност од над 100 милиони долари. Канабисот е легален во Калифорнија, но комерцијалното одгледување бара дозвола.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите