Утрински Весник
Свет

Речиси 200 луѓе загинаа во Газа во последните 24 часа, според локалните власти под контрола на Хамас

1707724853 Gaza.webp.webp

Речиси 200 луѓе загинаа во Појасот Газа во изминатите 24 часа, според локалните власти на палестинската територија контролирана од исламистичкото движење „Хамас“.

Бројките, кои не се независно потврдени, беа објавени по палестинските тврдења за повеќе од 100 жртви кога израелските војници вчера отворија оган врз луѓе кои чекаа да добијат хуманитарна помош. Израелската армија негираше дека имало какво било намерно пукање врз цивили.

Министерството за здравство во Газа денеска известисоопшти за вкупно 193 загинати и 920 ранети во последните 24 часа.

Вкупниот број жртви на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел пред речиси пет месеци сега е 30.228, а на повредени – 71.377.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме