Утрински Весник
Македонија

Реализацијата на проектите од вториот повик почнува откако општините ќе направат ребаланси на буџетите

20250723121931 big 730x400 93.webp.webp

Општините треба да направат ребаланси на буџетите и измени во Планот за јавни набавки, по што веднаш можат да отворат постапки за избор на изведувачи на проекти со кои имаат аплицирани за користење на средства од вториот повик од заемот од Унгарија, истакна денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Одговарајќи на новинарско прашање кога општините ќе можат да ги користат парите од вториот повик, за којшто пред неколку дена градоначалниците потпишаа договори со министрите во Владата, Перински посочи дека рокот за имплементација не може да се предвиди во моментов.


– Имаме проекти коишто се на ниво под милион денари, но, имаме и проекти коишто се некаде повеќе од 150 милиони денари и динамиката на изведување на работите, навистина ни зависи од габаритот на проектот. Јас очекувам и во интерес е и на граѓаните и на самите градоначалници, динамиката од  вториот јавен повик соодветно се реализира, идентично како што се реализира имплементацијата на средствата од првиот јавен повик – рече Перински.

Прашан колку проекти се реализирани од првиот јавен повик од заемот од Унгарија, Перински одговори дека повеќе од половина од аплицираните проекти од првиот повик се реализирани.

– Останува само еден проект, којшто не е тендериран и тој намерно не е тендериран затоа што одредена локална самоуправа ги чека средствата од вториот јавен повик, за да може наеднаш да го тендерира целиот проект бидејќи им беше поделен во фази и затоа споменав дека динамиката навистина соодветно се имплементира на терен и тоа е она што на нас ни дава дополнителен мотив – рече Перински, кој денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на училиштето во селото Радање во општина Карбинци.

Министерот очекува овие проекти да дадат позитивен импакт за квалитетот на животот на граѓаните. Станува збор за сума од над 19 милјарди денари,на вкупниот број на проекти е 1.116.

Премиерот Христијан Мицкоски на 17 јули, кога се потпишуваа дoговорите за проектите за користење на средствата од вториот повик на унгарскиот кредит, рече дека со околу 14 милијарди денари или 225 милиони евра ќе се финансираат 828 проекти во општините.

Најголем дел од проектите (589) се од областа на транспортот, за што ќе бидат наменети над осум милијарди денари, по што следуваат проектите од областа на животната средина (143) за што ќе се инвестираат над 2,4 милјарди денари, образованието (48) за што ќе бидат вложени 1,6 милијарди денари, а има и проекти и од областа на културата, спортот и социјалната политика.

Можете да прочитате

Италија воведе ново кривично дело „фемицид“ – казната е доживотен затвор

Пожар на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Објавен е конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци за справувањето со дезинформациите