Утрински Весник
Македонија

Реализација на офанзивни тактички операции во „БЛЕСОК 26″  со тековно учество на оценувачкиот тим и НАТО монитори

Dsc 0024.jpg

На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ.

Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции и реакција на контакт, како и инженериска поддршка на активностите. Со ова се нагласува координираното дејствување и навремената реакција во согласност со стандардните оперативни процедури на единицата.


Во текот на активностите командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, извршија обиколка на контролата на вежбата, со сите нејзини елементи, при што беше согледан степенот на реализација на поставените задачи на терен.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација