Утрински Весник
Спорт

Реал преку Барса до петта титула од Суперкупот во низа

Реал преку Барса до петта титула од Суперкупот во низа

Реал Мадрид е освојувач на кошаркарскиот Суперкуп на Шпанија, откако повторно беа подобри од својот лут ривал, Барселона со 89:83 за петти пат еднопоруго да го освоијат ово трофеј.

dobivaj vesti na viber

Барса имаше фантастична серија во финишот на првата и почетокот на втората четвртина за да стигнат до 37:29 водство, пред во третата четвртина предводени од трите тројки на Серхио Љуљ, „кралевите“ да поведат со 55:49 пред последната четвртина. Барселона го врати водството, но остана без Јан Весели поради пет лични грешки, за потоа Габриел Дек да утне клучна топка при 71:71 за да се отиде во продолженија. Реал беше посигурен во последните минути за нов голема победа.

Таварес со 24 поени и 12 скока беше најдобар за „кралевите“, Џанан Муса имаше фантастични 19 поени, додека наругата страна Шанли имаше 21 поен за Барселона, а Никола Калиниќ заврши смо со 8 поени.

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ