Утрински Весник
Спорт

Реал повтори клупски анти-рекорд во последните пет сезони

20241205074456 Big 730x400 76.webp.webp

Реал Мадрид синоќа во натпреварот од 19. коло од шпанското фудбалско првенство против Атлетик, го претрпе петтиот пораз во сезоната 2024/25.

„Кралевите“ во Билбао го повторија клупскиот анти-рекорд во последните пет сезони по бројот на порази во првата полусезона. Претходно Реал Мадрид доживеа пет порази во сезоната 2020/21.

Тренерот Карло Анчелоти смета дека мали детали го решија победникот.

-Кога изедначивме, ќе помисливте дека ја имаме ситуацијата под контрола, но малите детали не чинеа скапо денес. Го промашивме пеналот… Очигледно Мбапе е вознемирен, разочаран, но мора да продолжиме, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид по 15 кола во Ла Лига е на второто место во поредокот со 33 бода. Заостатокот од водечката Барселона е четири бода.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина