Утрински Весник
Спорт

Реал го осови Супер купот на УЕФА, Мбапе дебитираше со гол

12444654.jpg

Реал Мадрид со трофеј ја отвори новата сезона. Европскиот првак, во Вараша, со победата над Аталанта 2:0 (0:0), го освои Суперкупот на УЕФА. „Кралскиотклуб“ шест пат во историјата го освои овој трофеј. За Реал дебитираше Килијан Мбапе и на дебито францускиот репрезентативец постигна гол.

Бавно неинтересно прво полувреме одиграа Реал и Аталанта. Тимот од Бергамо имаше шанса кога по ударот на Де Рон топката од главата на Милтиао заврши во гредата, а во финишот на првиот дел Родриго ја погоди гредата.

Марио Пашалиќ и Тибо Курота најавија дека второто полувреме ќе биде со поголем интензитет и квалитет.

Во 46.минута, Пашалиќ упати идар со глава, Куртоа со одлична интервенција ја исфрли во корнер.

По 50 минута играчите на Реал го засилија темпото. Искористија две лоши реакции во одбраната на Аталанта и го решија мечот.

Валверде погоди во 58.минута по додавањето од Винисиус. Потоа во седум-осум минути шанси имаа Белингем, Винисиус и повотрно Белингем. Резултатот остана 1:0 до 69.минута кога Мбапе го постави конечниот резултат.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк