Утрински Весник
Македонија

Реакција на министерот Муцунски на денешната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи во целост ја отфрли дезинформацијата споделена од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека Владата или Министерството разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.

„Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера. Ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени. Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност,” напиша министерот Муцунски во објава на социјалните мрежи.


Истовремено, министерот укажа дека ваквите изјави се одраз на целосно непознавање на состојбите и тековните дипломатски активности на државата.

„Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка – а не на шпекулации и сензационализам,” додаде Муцунски.

Можете да прочитате

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување