Утрински Весник
Свет
Img 7972

Разрешени се петмина високи украински обвинители

Разрешени се петмина високи украински обвинители
Img 7972

Петмина од највисоките регионални обвинители на Украина беа отпуштени денеска, еден ден откако претседателот на Украина ги започна најголемите политички промени од почетокот на војната.

dobivaj vesti na viber

Службениците, од кои повеќето се обвинители во украинските региони, беа отпуштени од главниот обвинител Андриј Костин, соопштија од неговата канцеларија.

„Костин потпиша наредба за отпуштање од административни позиции во Запорожје, Кировохрад, Полтава, Суми и Чернигов“, се вели во соопштението објавено од Ројтерс.

Претходно, заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Тимошенко и заменик-министерот за одбрана, Вјачеслав Шаповалов поднесоа оставки, додека заменикот државен обвинител, Олексеј Симоненко беше разрешен од должноста.

Украинските медиуми јавуваат дека од почетокот на војната биле вмешан во неколку скандали поврзани со користење на скапи автомобили.

Во меѓувреме, пет гувернери на украинските региони (Дњепропетровск, Запорожје, Суми, Херсон и Киев) и четворица други заменици министри беа разрешени.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот