Утрински Весник
Магазин

Ратајковски: Филмот „Русокоса“ ја фетишизира женската болка

Ратајковски: Филмот „Русокоса“ ја фетишизира женската болка

Супермоделот Емили Ратајковски го коментираше новиот филм за животот на холивудската актерка Мерлин Монро, „Русокоса“ (Blonde).

dobivaj vesti na viber

Во видеото објавено на „Тик-ток“, манекенката и актерка вели дека не е изненадена што објавен е уште еден филм кој прави фетиш од болката на жените, дури и кога тие се мртви.

„Општеството е опседнато со жени како Ејми Вајнхаус, Бритни Спирс и принцезата Дијана,“ вели таа, како што пренесува „Пејџ сикс“.

„Сите ние всушност правиме фетиш од женската болка. Опседнати сме со мртви девојки и сериски убијци. Можам слободно да кажам дека научив да ја глорифицирам болката во мојот живот.“

Инаку, новиот филм за легендарната Монро, кој почна да се емитува на „Нетфликс“ пред неколку дена, не ја воодушеви публиката. Имено, филмот не ја прикажува вистинската Мерлин и не се работи за нејзината вистинска биографија, туку за роман фикција на писателката Џојс Керол Оутс.

Авторката на книгата го опиша филмот како феминистички проект кој има за цел да поттикне дискусија меѓу современата публика.

Начинот на кој Кенеди се однесувал со Мерлин Монро не е различен од начинот на кој многу моќни мажи, особено во Вашингтон, ги третираат сите жени освен нивните сопруги“, изјави Оутс за „Венити фер Франс“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста